Добредојдовте
Почитувани,
Имаме посебна чест и задоволство да Ве поканиме на Првиот Форум на лекарите по општа/семејна медицина на Југоисточна Европа на кој веруваме дека ќе земете активно учество. Присуството на сите Вас, ќе даде голем придонес Форумот да биде побогат во научен поглед, едукативен и незаборавен. Дружењето и размената на искуства меѓу себе нека останат како трајно сеќавање од овој настан.
Голем чест и задоволство ми е што денес стојам пред Вас на 1-от ФОРУМ на Асоцијацијата на лекари по општа/семејна медицина на Југоисточна Европа
Семејната медицина е многу повеќе од специјалност – таа е срцето на здравствениот систем. Семејниот доктор, често е првата личност, на која пациентот и се обраќа во страв и неизвесност, но и тој, што останува со него најдолго. Ние не се грижиме само за болестите, туку за луѓето – за нивните приказни, семејства и животи.
Со стареењето на населението, геријатријата станува неразделен дел од нашата секојдневна работа. Во грижата за палијативните пациенти улогата на семејниот доктор е длабоко човечна. Кога лекувањето веќе не е можно, нашето присуство, нашите зборови и нашата поддршка стануваат најважни.
И на крај вакцинацијата-реалност или табу тема. Во свет полн со сомнежи и дезинформации, семејниот доктор останува гласот на довербата. Преку искрен разговор, емпатија и почит, им помаѓаме на пациентите, да донесат информирани одлуки-за себе но, и за заедницата.
Во сесијата слободни теми, секој од нас има широка палета на заболувања(хронични заболувања на срцето, зголемениот крвен притисок, зголемен шеќер во крвта, менталните заболувања, заболувања на скелетниот систем, заболувања на сетилните органи, заболувања на бубрезите и уринарниот тракт и др. ) во која секој ќе го најде својот интерес према потребите и желбите.
Почитувани колешки и колеги,
Семејната медицина бара знаења, посветеност, а пред се – човечност. Овој Форум е потсетник за силата што ја имаме кога учиме заедно, едни од други, кога се поддржуваме и кога веруваме во вредноста на она што го правиме секој ден.
На крајот, пациентите можеби ќе ги заборават нашите зборови и терапии, но никогаш нема да го заборават чувството дека некој бил покрај нив – и тоа е силата на семејната медицина. Да продолжиме сите заедно да ја чуваме довербата, човечноста и достоинството на пациентот – затоа што тоа е вистинската мисија на семејната медицина.
Дружењето и размената на искуства меѓу себе, како и стекнувањето на нови пријателства, нека останат како трајно сеќавање од овој настан.
Прим. д-р Љубин Шукриев
Претседател
Асоцијација на лекари по општа/семејна медицина на Југоисточна Европа
Теми на Конференцијата
ОКРУГЛА МАСА
За Охрид
Охрид, со своите природни, културни, духовни и историски карактеристики, е најразвиениот туристички и културен центар, не само во Р.С. Македонија, туку и на Балканот и пошироко во Европа. Овие вредности беа препознаени од светот, така што Охрид и Охридското Езеро пред многу години беа запишани на листата на УНЕСКО како ретко културно и природно наследство. Вистинска реткост е тврдењето на светската научна заедница дека Охрид има повеќе од 7000 години континуиран живот, а мерките на цивилизациите се забележливи во над 250 археолошки локалитети откриени досега.
Во организација на
Локација
Локација
Место на одржавање на Форумот е Хотел “Метропол”, Охрид, Северна Македонија
